Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе е херојот на Вардар во победата на големата дерби пресметка против Шкендија.
За Фелипе ова беше 50-ти меч во „црвено-црниот“ дрес во првенството на Македонија. Јубилејот го прослави на најдобар можен начин со два погодоци, откако во 45. минута најпрво од пенал донесе второ водство на нашата екипа во дербито против Шкендија, а потоа даде и прекрасен гол од слободен удар во 74. минута од средбата.
„Ова беше посебен натпревар за мене. 50-ти настап во првенството во кој постигнав два гола и што е најважно мојот тим дојде до победата во уште едно дерби. Сепак, ќе се заблагодарам и на соиграчите што на овој мој 50-ти настап дојдовме до она што го посакувавме. Сите дадовме максимум и мислам дека заслужено победивме денеска. Ова беше важен триумф за нас со кој направивме добра разлика на табелата, меѓутоа немаме намера нималку да се опуштиме, туку на секој натпревар ќе влегуваме максимално мотивирани и секогаш ќе одиме на победа“ – вели Фелипе за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА