„Фемили“ ја смени трибината, ќе донесе ли среќа на МЗТ?

Дојде и тој ден, по повеќе од две години Фемили Аеродром се појавија на трибините во СЦ „Јане Сандански“ за да му дадат поддршка на МЗТ Скопје. Интересно, најверните навивачи на „металците“ решија и да ја променат својата трибина, па наместо од зад кошот, се најдоа на делот од салата со „подобар поглед“, каде исто така во меѓувреме се извадени седиштата.

Конфликтите со претходната управа и стариот градоначалник придонесоа „металците“ долго време да бидат без својот „шести играч“, за конечно да биде договорено нивното враќање и тие денеска да го бодрат својот тим на дуелот со Морнар, многу важен во битката за опстанок во АБА-лигата. Бројката не е премногу импресивна, но се очекува уште поголема посетеност на наредните натпревари на аеродромци. Собирот беше на неколку стотини метри пред салата, каде беа запалени неколку бакљи на патот кон СЦ „Јане Сандански“.

femili2 femili1

МЗТ дефинитивно повеќе го личи со Фемили на трибини, а на кошаркарите е да ја искористат нивната поддршка и што поскоро да ја прекинат губитничката серија.

FEMILI KRUPEN PLAN

Се вчитува...