Фемке Бол повторно го подобри својот европски рекорд на 400 метри со пречки

Холанѓанката Фемке Бол постави нов европски рекорд на 400 метри со пречки, а воедно стана втората спортистка во историјата, која во таа дисциплина постигна време под 51 секунда.

Актуелната светска шампионка на 400 метри со пречки истрча 50,95 секунди во неделата на митинг во швајцарскиот Шо-де-Фонт, соборувајќи го сопствениот европски рекорд поставен пред една година во Лондон за точно половина секунда.

Побрзо од Бол истрча само Американката Сидни Меклафлин-Леврон, кој пред две недели на националното првенство во Јуџин постави нов светски рекорд, кој сега изнесува 50,65 секунди.

Се вчитува...