Фемке Бол урна рекорд стар 41 година

Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори речиси 41 година стариот светски рекорд во сала на 400 метри на холандското национално првенство.

Имено, до оваа недела актуелниот светски рекорд изнесуваше 49,59 на легендарната атлетичарка од Чехословачка, Јармила Кратохвилова, која тој резултат го постигна на 7. март 1982 година. Младата, 22-годишна Холанѓанка го спушти ова време на 49,26 секунди.

„Може ли да биде подобро од ова? Не знам, но знам дека ја одработив мојата речиси совршена трка. Да, верував и се надевав дека можам да одам околу 49,50. Но и за мене овој резултат е големо изненадување“, изјави Бол која.

Холанѓанката на последните Олимписки игри во Токио го освои бронзениот медал на 400 метри со пречки. Таа има и светско сребро во истата дисциплина и три европски златни медали освоени на шампионатот во Минхен во 2022 година, каде беше најдобра на 400 и 400 со пречки и беше дел од холандската штафета на 4х400 метри.

Се вчитува...