Фенати мора да е луд: Јас сум жртва, никој не ме прашува како ми е…

Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати истана дека е разочаран од критиките на негова адреса, тврдејќи дека тој всушност е жртва во инцидентот со Стефано Манци, кога Фенати при брзина од 230 километри на час возеше паралелно со ривалот и ја подаде раката за да ја стисне кочницата на моторот на Манци.

Неговиот потег се смета за најнепромислен во историјата на овој спорт, договорот на Фенати со неговиот клуб веќе е раскинат, а ниту еден од останатите тимови не ни помислува на соработка со Италијанецот. Тој е свесен дека кариерата му завршува на 22-годишна возраст, но објаснувањето дека всушност тој е жртва е доказ дека навистина нешто не е во ред со Романо.

„Заминувам од овој спорт, таа приказна е завршена за мене, веќе нема да се тркам. Сите ме напаѓаат, но никој не прашува како ми е мене. Жртва сум на неправда и тоа ме боли најмногу од се. Манци ме провоцираше, бев под силен адреналин и го направив она што го направив. Не сакав да убијам никого, како што ме обвинуваат, само сакав да му покажам дека ако сакам, можам да го турнам од моторот“ – истакна Романо Фенати.

„Добро“ оправдување за најнеспортскиот потег во Мото-спортот, нема што.

Се вчитува...