Фенербахче во суперинтересен натпревар славеше над Галатасарај со 85-80 во турското дерби во рамките од најновата рунда во Евролигата. Тимот на нашиот Перо Антиќ во првото полувреме делуваше безидејно во одбраната, имаше и негатива од петнаесет поени, но со фантастичен пресврт во второто полувреме стигна до победата.
Фенер најпрвин ја доби третата четвртина со 23-12 и фати резултатски приклучок, за потоа во драматичен финиш да стигне и до победата. Галатасарај имаше предност од 79-80 на една минута до крајот, но Диксон постигна тројка во вистински момент. Галата се обиде да израмни, но беше досудена лична грешка во напад на Мицов, по што Фенербахче со прецизни удари од линијата за слободни фрлања стигна до конечна победа на големото турско дерби.
Антиќ одигра 12 минути од оваа средба и не се запиша меѓу стрелците, бележејќи две асистенции и еден скок. Најефикасни кај Фенербахче беа Весели со 20 и Диксон со 17 поени, а прв стреле на Галатасарај беше Блејк Шилб со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА