Фенербахче прескапо ја плати стартната евролигашка победа над Олимпијакос, поради тешката повреда што ја заработи Скоти Вилбекин по еден шут кон противничкиот кош.
Американскиот поентер остана да лежи на теренот, веднаш стана јасно дека проблемот е многу сериозен, а Вилбекин на рацете на соиграчите беше изнесен од игра, по што беше пренесен на детални прегледи во клиника во Истанбул.
Резултатите пристигнаа експресно, па Фенербахче вечерва ја потврди лошата вест – Скоти Вилбекин има целосно кинење на вкрстените лигаменти на десното колено, поради што тој нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона.
Станува збор за играч кој беше исклучително важен во тактичките замисли на Јасикевичиус, па раководството на Фенер веднаш најави дека клубот повторно ќе се активира на пазарот за да доведе адекватна замена за Вилбекин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА