Фенербахче ја демонстрираше својата моќ, но и карактер како актуелен европски првак откако турскиот гигант вечерва на гостински терен го декласираше Монако со 86-92. „Кнезовите“ најавуваа одмазда за поразот во финалето на последниот фајналфор, но Јасикевичиус повторно најде начин да го надмудри Спанулис и стигна до важна победа.
Почетокот беше крајно неквалитетен, па така по шест минути игра резултатот гласеше 4-4. Монако беше првиот тим што влезе во ритам во нападот, па додека Фенер промашуваше домашниот тим успеа да се одлепи и на одмор да замине со 46-38. Монако продолжи со супериорна игра и во третиот период поведувајќи со огромни 17 поени предност (67-50), но токму тогаш Фенербахче се разбуди намалувајќи на 69-60 до самиот крај на четвртината.
Последните десет минути минаа во звакот на гостите од Турција, кои ја добија четвртината со 17-32 и со голем пресврт стигнаа до победа.
Хортон Такер го одигра својот најдобар меч за Фенер постигнувајќи 24 поени, додека кај Монако најефикасни беа Џејмс со 20 и Диало со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

