Ељиф Елмас беше најавуван како нов „дијамант“ на Фенербахче на стартот од сезонава, но големата резултатска криза на турскиот гигант придонесе да дојде до неколку тренерски смени, а со тоа да се намали и минутажата на македонскиот репрезентативец.
Едно е јасно, Фенербахче нема шанси за излез во европските купови, што ќе значи и намалување на буџетот за наредната сезона. Тренерот Ерсун Јанал на прес-конференцијата по саботниот триумф над Ризе се пожалил дека има премногу фудбалери на располагање, дури 31, а планира нивната бројка да ја преполови. На листата на оние кои не се наоѓаат меѓу „омилените лица“ на Јанал е и Елмас, заедно со голгетерот Слимани, потоа Бразилецот Жаилсон, како и Потук, Сенер, Роман…
Елмас на пред крајот на 2018 година беше поврзуван со бројни клубови ширум Европа, предводени од Лион, Борусија Дортмунд, Спартак Москва, Лацио…
Фенербахче ги одби понудите, но сега ставот на клубот е променет, па Македонецот со оглед на интересот за неговите услуги ќе биде еден од првие што ќе си заминат од Турција. Премиерлигашот Лестер е последниот клуб што искажа интерес за Елмас, но турските медиуми тврдат дека наспроти првичните најави за трансфер од над 20 милиони евра, Фенербахче ќе бара половина од таа сума во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

