Фенер со „брејк“ во Атина, Весели му пресуди на Жалгирис

Фенербахче приреди големо изненадување на гостувањето против Олимпијакос, триумфирајќи со 78-82 за израмнување на 1-1 во оваа четвртфинална серија од Евролигата. Грчкиот гигант како прв носител влезе во Топ 8 фазата, рутински славеше во првиот дуел, но овојпат Фенербахче беше на висина на задачата и успеа да го изненади големиот фаворит.

Триумфот е уште поголем ако се земе во предвид извонредната прва четвртина на Олимпијакос во која „црвено-белите“ имаа предност од 24-10 и делуваа сигурно на патот кон водство од 2-0. Фенер успеа да се врати добивајќи го вториот период со 13-24, за потоа во последните десет минути целосно да го сврти резултатот во своја полза. Везенков непотребно форсираше тројка при два разлика (76-78), по што Фенер казни со лесни поени од контранапад, за Гудуриќ од линијата за слободни фрлања да стави точка на победата на гостите од Истанбул.

Едвардс беше изненадувањето од Итудис со 16 постигнати поени, по 15 реализираа Мотли и Хејс-Дејвис, додека најефикасни кај Олимпијакос беа Слукас и Везенков со по 18 поени.

Барселона многу потешко од првиот меч стигна до триумф над Жалгирис, славејќи со 89-81 за водство од 2-0 пред гостувањето во Каунас. Гостите од Литванија парираа до самиот финиш, но Барса беше поумешна во завршницата и забележа победа. Извонреден меч одигра Весели постигнувајќи 26 поени и шест скокови, а голема помош доби од Никола Миротиќ, кој го заврши натпреварот со 22 поени (18 од нив во второто полувреме).

Се вчитува...