Дербито на колото во Евролигата не ги оправда очекувањата. Иако се очекуваше рамноправен меч, сепак, Фенербахче му одржа лекција по кошарка на Панатиниакос, кој и покрај сериозните вложувања на почетокот на сезоната, не може и натаму да се пронајде себе си во оваа сезона.
Фенербахче ја доби првата четвртина со неверојатни 27-9, а потоа Панатиниакос и покрај обидите, сепак, не успеа да се врати. Дури во еден момент во третиот период, Фенер имаше предност и од +24 поени разлика, што на крајот Панатинаикос успеа да ги намали во последната четвртина.
Лесор беше најефикасен на средбата со 19 поени, додека Папајанис кај Фенер беше најдобриот со 15 поени.
И вториот меч во Истанбул го доби домашниот тим. Екс европскиот првак Анадолу Ефес славеше триумф над Асвел со 89-84. Тука беше далеку понеизвесно, а во финишот домашните за малку ќе направеа „од готово вересија“. Иако имаа предност од 20 разлика во третиот период, сепак, гостите во финишот успеаја да дојдат само до 5, но не и до целосен пресврт.
Асвел немаше решение за Клајбурн кој постигна 19 поени, а залудни беа 25-те поени на Нандо Де Коло кај гостите, но и тој не можеше се сам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА