Фенербахче добива ново засилување од Арсенал?

Турскиот гигант Фенербахче игра далеку од претпознатливата форма во новата сезона. Истанбулскиот тим по 21 одигран натпревар го завзема седмото место на табелата и до крајот на сезоната го очекува тешка битка за изборување на место во европските натпреварувања.

За истата Фенербахче цели кон засилување на тимот, а погледите повторно се насочени кон Арсенал каде по ангажманот на Месут Озул раководството на клубот ќе се обиде да го доведе и Мохамед Елнени.

Египетскиот интернационалец оваа сезона настапи на само седум средби за „топџиите“ во Премиерлигата и не е во плановите на Микел Артета па позајмица до крајот на сезоната е опција која лондонскиот тим е подготвен да ја прифати.

Доколку се реализира позајмицата за 29-годишниот играч од средниот ред тоа ќе значи и враќање во турското првенство каде во сезоната 2019/20 го носеше дресот на Бешикташ.

Се вчитува...