Фенербахче донесе конечна одлука околу иднината на Алиоски

Раководството на Фенербахче донесе одлука окулу иднината на македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски во клубот. Популарниот Џани летово се пресели во Фенербахче, каде игра на позајмица од Ал-Ахли од Саудиска Арабија.

Задоволни од досегашните настапи, челниците  наводно одлучиле да целосно да го откупат нашиот интернационалец. Тимот од Истанбул подготвил 2,5 милиони евра за Македонецот што било прифатливо од Ал-Ахли.

Алиоски досега одигра 17 натпревари за Фенер на кои постигна еден гол.

Се вчитува...