И на свои 38 години, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко игра извонреден фудбал во дресот на турски Фенербахче.
Па, иако се веруваше дека ова ќе биде последна сезона за Един во Турција, посебно ако не се освои титулата, сепак, Џеко повторно импресионираше со неговите неодамнешни настапи, поради што клубот донесе цврста одлука да го задржи и по крајот на договорот кој му завршува во јуни оваа година.
Според „Милиет“, Фенер нема намера да го пушти Един Џеко барајќи итен разговор за продолжување на соработката. Се наведува дека ќе се продолжи договорот за уште една година до јуни 2026, поради неговата водечка улога во тимот, дури и ако тој добие помала минутажа следната сезона, нешто слично што во основа го доживува Лука Модриќ во Реал Мадрид.
Џеко, сезонава досега мина 1.985 минути на теренот, постигнувајќи 16 гола и запишувајќи пет асистенции, а се чини дека може да издржи во исто темпо и понатаму и покрај тоа што наскоро ќе наполни 39 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА