Фенербахче е вториот учесник на Ф4 турнирот од Евролигата откако славеше во четвртфиналната серија против литвански Жалгирис со 3-1. Во четвртиот натпревар, на гостински терен, Фенербахче убедливо победи со 82-99.
Без апсолутно никакви проблеми, избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнаа до третата победа во меѓусебната пресметка најавувајќи ја уште во првата четвртина која ја добија со 16-30. Во продолжението само рутински се одржуваше предноста се до конечната победа.
Најефикасен кај Фенербахче беше Али Мухамед со 25 поени, Слоукас постигна 15 поени а со 12 поени мечот го заврши Јан Весели. Кај домашните не помогна ниту Брендон Дејвис со 25 поени.
Претходно, место на Ф4 турнирот во Евролигата обезбеди и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА