Фенербахче епски го „истрола“ Милан откако му ја украде ѕвездата (ВИДЕО)

Арчи Браун, 23-годишниот лев бек ова лето беше трансфер цел на Милан и Фенербахче, а и покрај тоа што имаше постигнато усмен договор за премин кај „росонерите“, турскиот гигант во „пет за дванаесет“ успеа да го „украде“ потписот на Англичанецот.

На трансферот му претходеше и интересна ситуација откако англискиот и турскиот тим испратија приватни авиони за финиширање на договорот, а прв на пистата слета тој на Фенербахче. Така, на најавата за новото засилување Турците успеаја да го „истролаат“ италијанскиот ривал.

Видеото започнува со патување на два авиони, па следи сцена како Браун седи во еден нив со радио коментар на италијански, а овој бара да се промени станицата.

Се вчитува...