Фенербахче ги брка Калатес и Бјелица

Фенербахче прави коренити промени во тимот за наредната сезона, па турскиот гигант бара начин да се ослободи од обврските кон плејмејкерот Ник Калатес, но и од крилниот центар Немања Бјелица.

Калатес веќе извесно време беше во војна со тренерот Итудис и извесно беше дека Фенер ќе бара начин да го раскине договорот со него. Бјелица пак требаше да биде големо засилување откако лани дојде од НБА-лигата, но серијата повреди го ограничи на само седум евролигашки средби на кои имаше скромен просек од 2,7 поени по натпревар.

„Донесовме одлука – Бјелица и Калатес не се дел од нашите планови за наредната сезона. Веќе ги контактиравме нивните менаџери и одлуката им е соопштена. Тие имаат уште по една година од договорот со нашиот клуб, но се надеваме дека наскоро ќе најдеме заеднички јазик“, изјави генералниот менаџер на Фенербахче, Дерва Јаниер.

Калатес веќе подолго време е поврзуван со трансфер во Партизан, но „црно-белите“ чекаат најпрвин тој да го раскине договорот со Фенер, а потоа да седнат на финални преговори во обид да го потпишат грчкиот ветеран.

Се вчитува...