Фенербахче го чува тимот – Датоме го продолжи договорот

Џиџи Датоме ќе го носи дресот на Фенербахче и во следните три сезони, потврдија од турскиот клуб. Искусниот италијански кошаркар се обврза за тимот од престолнината на Турција до 2022 година.

„Продолжуваме да го градиме тимот пред новата сезона во која сакаме да ги освоиме трофеите во сите натпреварувања. Како би ги оствариле тие барања го продолживме договорот со Џиџи Датоме, кој ќе го носи жолто-црниот дрес до 2022 година“, стои во соопштението на Фенербахче. 

Датоме во Фенербахче стигна во 2015 година, а во четирите сезони во турскиот гигант еднаш ја освои Евролигата, трипати беше шампион на Турција, а двапати го освои турскиот куп.

 

 

Се вчитува...