Фенербахче го доби дербито со Олимпијакос, АСВЕЛ ја шокираше Барселона

Во дербито на двете најдобропласирани екипи во Евролигата, турски Фенербахче славеше на гостувањето кај Олимпијакос со 77-87. Освен првата четвртина која ја добија домашните кошаркари, турскиот тим го контролираше целиот меч и заслужено стигна до 15 триумф сезонава. Гудуриќ со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Фурние заврши исто така со 21 поен.

Kошаркарите на АСВЕЛ стигнаа до голема победа на домашен терен против Барселона од 100-94. Маледон со 18 поени беше прво име во таборот на францускиот тим, додека кај Каталонците недоволни беа 19 поени на Кевин Пантер.

Во германското дерби во Евролигата, Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Алба Берлин совладувајќи ја со 84-99. Едвардс со 34 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Мекдоувел постигна 18 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...