Фенербахче го исфрли Баерн од плејофот во Евролигата, Монако за малку ќе останеше без четвртото место

Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Баерн во Минхен со 86-71, во 34. коло од Евролигата, и ги исфрлија Германците од плејофот па ќе мораат преку плеј-ин да се изборат за четвртфинале.

Фенербахче имаше убедливо водство (28-13) во првата четвртина, го одржуваше до полувремето, а потоа и во третата четвртина, за на крај сосема заслужена победа.

Тимот од Истанбул до победата го предводеше Најџел Хејс Дејвис со 24 поени, дополнети и со три скока и пет асистенции, а го следеа Николо Мели (8 поени), Тарик Биберовиќ, Ерик МекКалум и Вејд Болдвин со по 11 поени. Кај Баерн се истакна Карсен Едвардс со 26 поени, а двоцифрен беше и Девин Букер со 15 поени, четири скока и три асистенции.

Со овој пораз Баерн испадна од плејоф зоната и моментално е на седмото место, додека Фенербахче го зацементира второто место.

Монако го совлада Асвел на гости со 78-83. Војводите до победата ги предводеше Мајк Џејмс со 18 поени и седум асистенции, а го следеше Џордан Лојд со 16 поени и пет скока. Кај Асвел се истакна Нил Сако со „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 11 скока. Го следеше Тео Маледон, кој исто така постигна 18 поени.

Двоцифрен беше Енди Робертсон со 14 поени со 12 скока и две асистенции.

Монако го обезбеди четвртото место по регуларниот дел од Евролигата.

Олимпијакос, пак, со победа го осигура првото место триумфирајќи со 99-93 против Макаби Тел Авив.

Во натпревар без резултатско значење Милано славеше против Басконија со 111-89.

Се вчитува...