Фенербахче го купува Маркос Рохо

Турскиот гигант Фенербахче води преговори со Манчестер Јунајтед за ангажман на аргентинскиот интернационалец Маркос Рохо. Тој беше пред трансфер во Евертон, но двата клуба не успеаја да се договорат за отштетата.

Фенербахче бара замена за Мартин Шкртел кој замина во Аталанта, а Маркос Рохо би бил идеална опција. Турскиот клуб сака да го добие на позајмица од една сезона, а потоа комплетно да го откупи неговиот договор. Сепак, Манчестер Јунајтед за него очекува 30 милиони евра отштета и инсистира веднаш да биде продаден.

 

Се вчитува...