Фенербахче стигна до осмата шампионска титула во турскиот Куп откако во големото финалето славеше над големиот градски ривал Ефес со 60-82.
Фенербахче беше подобриот противник во поголемиот дел од натпревар. Првата четвртина ја доби со 20-26, и покрај тоа што во втората четвртина имаше и двоцифрена предност, на полувремето замина со позитива од 35-42. Победата ја потврди во второто полувреме во кое ја врати и не ја испушти двоцифрената предност.
Со овој трофеј Фенербахче се доближи до рекордот на освоени трофеи во Куп натпреварувањето кој останува во сопственост на Ефес кој има 12 трофеи.
ING TÜRKİYE KUPASI ŞAMPİYONU FENERBAHÇE BEKO! 🏆💛💙#YellowLegacy pic.twitter.com/kKFKFuN3z9
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) February 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

