Фенербахче остана без посакуваниот трофеј во Купот на Турција, откако тимот на нашиот Перо Антиќ загуби во четвртфиналната пресметка со градскиот ривал Анадолу Ефес со 842-7. Перо Антиќ не настапи на оваа средба, а избраниците на Жељко Обрадовиќ кои се најдоа во составот не ја искористија шансата, одиграа под своите можности и заслужено претрпеа пораз.
По израмнетото прво полувреме (39-39), како пресудна се покажа третата четвртина во која Ефес одигра одлична одбрана, го доби овој период со 20-11 и си го трасираше патот до победата. Фенербахче на почетокот од последната четвртина намали на 62-57, но следеше нова серија на Ефес со која тимот на Перасовиќ за момент имаше и двоцифрена предност, за на крајот да триумфира со конечните осум поени разлика (82-74).
Центрите Удох со 14 и Весели со 13 поени беа најефикасни кај Фенербахче при овој пораз, а најдобар стрелец на мечот беше плејмејкерот на Анадолу Ефес, Томас Ертел со 18 поени и шест асистенции.
Анадолу Ефес во полуфиналето ќе се сретне со тимот на Каршијака, кој во денешното четвртфинале славеше над Јесгилгиресун со 85-79.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА