Фенербахче се пласираше во големото финале од турскиот плејоф, откако тимот на нашиот Перо Антиќ ја забележа и третата победа во низа во полуфиналната серија против Дарушафака. По двете средби на домашен терен, вечерва Фенер славеше и на гостувањето против градскиот ривал, со убедливи 74-90 ставајќи печат на пласманот во финалето.
Новиот европски првак уште од самиот почеток го диктираше темпото, за неколку минути поведе со 0-11, па потоа убедливата предност ја одржуваше во текот на целиот натпревар. На одмор се замина со позитива на Фенер од 35-46, Дарушафака ја намали предноста на гостите во текот на третиот период, но избраниците на Обрадовиќ одиграа фуриозно во последните десет минути и во голем стил ја завршија оваа полуфинална серија.
Перо Антиќ по одличниот настап на вториот меч денеска не беше дел од тимот на Фенербахче. Најефикасни кај актуелниот првак беа Богдановиќ со 19 и Диксон со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА