Фенербахче и Елмас извлекоа реми во истанбулското дерби со Бешикташ (ВИДЕО)

Фенербахче на Елиф Елмас за ремито 3-3 се избори во вторто полувреме откако по воведните 45 минути беше во негатива од 3-0. Македонскиот репрезентативец доби шанса во финишот од натпреварот, влезе во 84 минута и пропушти прилика за погодок само една минута по влегувањето на терен, неговиот шут ја погоди стативата.

Ѓонул и двапати  Јилмаз стрелаа за Бешикташ во првото полувреме. Во вториот дел, Фенербахче имаше налет кој траеше од 55 до 67 минута во кој погодија Зајц, Чифтпинар и Калдирим.

Со овој бод, Бешикташ се зацврсти на третата позиција на табелата додека Фенербахче кој се мачи во долниот дел од табелата, дојде до 25 бода и 14. место.

 

Се вчитува...