Истанбулските гиганти Фенербахче и Галатасарај, бараат мечот од турскиот Суперкуп кој е на програмата на 29 декември да се игра дома, а не во Саудиска Арабија како што е планирано.
Локалните медиуми пренесуваат дека од двата кллуба постои притисок да се откаже играњето во Саудиска Арабија, а згора на тоа се бара да се игра во Турција, која годинава слави 100 години независност.
Фенербахче предлага да се игра на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, или во Самсун. Од Самсун е Кемал Ататурк, таткото на модерна Турција, кој ја поведе војната која резултираше со независност на земјата.
Турскиот Суперкуп и дуелот меѓу големите ривали Фенербахче и Галатасарај е предвидено да се игра во Ријад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА