Натпреварот од шесттото коло во Евролигата помеѓу Фенербахче и Макаби Тел Авив ќе биде одигран во вториот по големина град во Литванија, Каунас, објави турскиот клуб.
Како и претходната сезона и овој пат средбата на турскиот и израелскиот тим ќе биде одигран надвор од Турција поради безбедносни причини со оглед на тоа што не може да се гарантира безбедноста на Израелците.
Натпреварот ќе биде одигран на 29. октомври во „Жалгирис“ арената со почеток од 21 часот и 30 минути и ќе биде од отворен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА