Фенербахче и Месут Озил се разделија по само една година, па екс-германскиот репрезентативец реши да ја раскине соработката и тригодишниот договор што го имаше со еден од најголемите турски клубови.
Доаѓањето на Озил во Истанбул предизвика невидена еуфорија, над еден милион луѓе го следеа неговиот лет на „Флај Радар“, но фудбалерот за врска и екс-играч на Реал Мадрид и Арсенал не успеа да ја оживее кариерата во Истанбул, па раскинот на договорот беше неминовен најмногу и поради неговите огромни примања.
Озил од 20 март немаше настап, зашто физичката подготовка му беше безмалку очајна, а потоа тој се скара со привремениот тренер Исмаил Картал, но односот со тренерите не се промени, па брзо влезе во клинч и со Жорге Жесус, кој од неодамна седна на клупата на Фенер.
Озил покрај за Реал и Арсенал во кариерата играше и за Шалке и Вердер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

