Фенербахче им забрани на своите кошаркари да играат за репрезентацијата на Турција се додека Ергин Атаман е селектор на оваа земја.
Причина за тоа се гестикулациите на Атаман на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Панатинаикос и Галатасарај. Тој со раце покажуваше бројки три и еден, што се однесуваше на резултатот на фудбалскиот меч меѓу Галатасарај и Фенербахче кој заврши со победа од 3-1 на Галата.
„Целта на оваа личност е јасна, со неговиот карактер, став и стил, тоа што го направи пред милиони гледачи е потполно спротивно со неговиот идентитет како селектор на државен тим. Репрезентацијата е наш тим. Секој кој е дел од тој тим мора да биде свесен за секоја ситуација и да биде одговорен. Овој потег е големо непочитување кон нашата заедница, кон институцијата – селектор, па дури и кон нашата земја“ – се вели во соопштението од Фенербахче во кое се дополнува:
„Ја информираме јавноста дека одлучивме да не испраќаме спортисти во машката репрезентација за време на неговиот мандат на оваа функција за која се неопходни квалитети како што се углед и непристрасност, кои тој ги нема“.
Milli takımın Koç u isen her takıma eşit mesafede olmalısın eğer olamıyorsan milli takım da görev almamalısın .
Milli takım babanın çiftliği değil derhal o görevden istifa et Ergin Ataman #ErginAtaman pic.twitter.com/JA0edWlJyz— bulut cerrah (@haber4621) September 25, 2024
Атаман денеска се извини после овој гест, но извинувањето е занемарено а од Фенербахче се цврсти на својата одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА