Фенербахче казнет со два милиони евра поради кршење на финансискиот фер-плеј

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Фенербахче со кратење на два милиони евра од приходите од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј. УЕФА во соопштението наведе дека на Фенербахче ќе му бидат одземени приходите во следните две сезони (2020/2021 и 2021/2022).

Контролното тело на УЕФА за клупски финансии го санкционираше Фенербахче бидејќи клубот од Истанбул не ги исполнил условите наметнати на 19. јули 2019 година, истакнаа од УЕФА.

ФФП е поставен како би можело УЕФА да се осигура дека клубовите не трошат повеќе од тоа што заработуваат, но правилото губи на значење откако Манчестер Сити ја доби жалбата во Лозана и нема да биде суспендиран две години од Европските натпреварувања.

Се вчитува...