Натпреварот од 19. коло во кошаркарската Евролига меѓу Фенербахче и Макаби Тел Авив наместо во Истанбул ќе се игра во литвански Паневезис, објави веб-страницата на натпреварувањето.
Натпреварот ќе се одигра на четврти јануари следната година. Во соопштението на Евролигата се наведува дека оваа одлука е донесена по препораките на турската и израелската влада.
Поради војната во Израел, Макаби домашните мечеви во Евролигата ги игра во Белград без присуство на навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА