Договорот на Един Џеко со Фенербахче завршува на крајот на сезоната, но очекувањата се дека соработката која трае од 2023 година ќе продолжи со оглед на задоволството кое постои и кај фудбалерот од БиХ и кај турскиот тим.
И покрај тоа што веќе наполни 39 години, искусниот голгетер игра во врвна форма и е лидер на тимот предводен од Жозе Мурињо на, но и надвор од теренот.
Очекувањата се дека Џеко ќе добие нов едногодишен договор, но истиот ќе биде за помала плата со оглед на возраста. Оваа сезона тој заработува 4.2 милиони евра со бонуси, а со новиот договор се очекува заработка од три милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА