Турскиот великан Фенербахче се прости од српскиот фудбалер Душан Тадиќ, кој по две сезони го напушта клубот.
Поранешниот капитен на српската фудбалска репрезентација доби емотивна порака од клубот во кој настапуваше изминатиот период.
„Ти благодариме Душан за елеганцијата, твојот дух и твојата непоколеблива верба во овој тим. Одевте по тој личен пример и си заминавте со вечна почит“, напишаа од Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

