Фенербахче, на крилјата на Гудуриќ, ја освои Евролигата!

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако со 81-70 закитувајќи се со европската шампионска титула.

По втор пат во својата историја, кошаркарите на Фенербахче го освоија шампионскиот пехар во Евролигата.

Српскиот репрезентативец и поранешен кошаркар на Црвена Звезда, Марко Гудуриќ, беше еден од најдобрите играчи на Фенербахче со 19 поени, 5 скока и 2 украдени топки, и индекс на корисност од 27.

Најџел Хејс-Дејвис имаше индекс на корисност од 30, а постигна 23 поени и 9 скока.

Во Монако, Дијало имаше 19 поени, додека Мајк Џејмс заврши со 17 поени, Стразел 13 и Даниел Тајс 12 поени.

Се вчитува...