Турскиот евролигаш Фенербахче се мачи со повреди на високите позиции. Хејс Дејвис и Џејшон Пјер нема да бидат дел од тимот во следниот период па тоа го примора тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус да доведе нов кошаркар. Потписот е осигуран и тоа е Амин Нуа.
Францускиот кошаркар во минатото настапуваше за Асвел, а во Фенербахче доаѓа од италијанскиот Тортоне со кој потпиша договор откако го раскина договорот со Хапоел Холон по војната на Израел. Тој потпиша едномесечен договор и ќе добие шанса на четири евролигашки натпревари да ја добие довербата на литванскиот тренер.
Welcome to the 💛💙 family Amine Noua! pic.twitter.com/EpFWtQrbab
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) January 22, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА