Фенербахче најде замена за Скоти Вилбекин

Скоти Вилбекин ги скина предните вкрстени лигаменти на воведниот натпревар од новата сезона во Евролигата, кога Фенербахче го победи Олимпијакос со 82-71 пред своите навивачи.

Како што пренесуваа „Еурохопс“, Фенербахче брзо реагирал и го договорил трансферот на Сејбен Ли од Маниса.

Поранешниот НБА играч на Детроит, Филаделфија и Феникс блесна на првиот меч во Лигата на шампионите на ФИБА во дресот на Маниса и забележа 36 поени со 6 скока и 6 асистенции во победата над Мурсија 103-97.

Се вчитува...