Фенербахче претрпе пораз на гостувањето против Валенсија, но уште поголем проблем за тренерот Итуди претставува повредата на Тајлер Дорси, кој бепе најдобар кошаркар на Фенер на стартот од оваа сезона.
Дорси се повреди за време на мечот со Валенсија, но остана на теренот за да помогне на тимот, постигнувајќи 17 поени (беше најдобар стрелец на Фенер) што сепак се покажа недоволно за Фенербахче да стигне до триумф во Шпанија.
Ризикот сепак не се исплатеше бидејќи лекарските прегледи покажаа скршеница на коска во стопалото на американскиот бек. Според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од терените најмалку два месеци, а Итудис се надева дека ќе го има Дорси во тимот за почетокот на 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА