Александар Митровиќ беше жешка тема минатото лето, Србинот по заминувањето од Ал Итихад реши да ја замени Саудиска Арабија со Катар и потпиша со Ал Рајан, но искусниот голгетер сега повторно се поврзува со враќање назад во Европа.
Турскиот гигант Фенербахче повторно е загреан за Митровиќ откако не успеа да го доведе летово, но челниците на Фенер отпатувале за Катар, на преговори со голгетерот и со управата на катарскиот клуб.
Засега е нејасно дали станува збор за позајмица или за перманентен трансфер, но интересно ќе биде да се види дали Фенер ќе се согласи да ја израмни (или зголеми) платата од 110 милиони долари по сезона што Србинот ја зема во Катар.
Ангажманот на нов голгетер е приоритет за турскиот великан за претстојниот преоден рок, а Митровиќ е високо на листат асо желби… останува да се види дали зимава желбата ќе стане стварност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

