Продлабочената криза и поразот од Зенит ги подгреаја шпекулациите за смена на Жељко Обрадовиќ од тренерската позиција во Фенербахче. Труските медиуми дури и пишуваа дека клубот преговара со тренери кои би можело да бидат негова замена. Сепак, Фенербахче ги прекина ваквите шпекулации со соопштение во кое се вели дека Обрадовиќ има комплетна доверба.
„Сакаме официјално да понудиме објаснување за кризата во Фенербахче. Минатата сезона се пласиравме на Фајнл Фор турнирот без загубен меч на домашен терен, поради повредите кои не следеа не успеавме да дојдеме до пласманот кој го сакавме. Направивме се што е во наша моќ тимот предводен од тренерот Обрадовиќ да се бори за врвот во сите натпреварувања. Иако во моментов делува дека Фенербахче е далеку од остварување на овие цели, ние веруваме во екипата предводена од Обрадовиќ. Вестите да преговараме со Уфук Сариџа се комплетно неточни“ – стои во соопштението од клубот.
Фенербахче е на петтото место на табелата во Труција, а се наоѓа дури на 15, позиција во Евролигата со биланс од само пет победи, 10 порази и е во лоша серија од три последовни неуспеси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА