Кошаркарите на Фенербахче славеа против шампионот на Литванија, Жалгирис со 75-82 на дуелот од Евролигата.
Фенер губеше од првата минута на натпреварот се до самиот крај. Жалгирис имаше и +16 поени кон средината од вториот период, но постојано ги „топеше“ низ текот од мечот за да тимот на Жељко Обрадовиќ стигне до предност при резултат 61-63, па со вкупна серија од 3-17 стигна до недостижни осум поени предност во последната четвртина.
Во победничкиот состав најефикасен беше Костас Слукас со 20 поени и пет асистенции, 11 поени дополни Луиџи Датоме додека со 10 поени заврши Јан Весели.
Убедливо најдобар кај домашните беше Нејт Волтерс, кој постигна 23 поени за 25 минути на паркетот, а на тоа дополнувајќи со шест асистенции и три скока.
Олимпијакос по двете победи на стартот вечерва се посрамоти губејќи на домашен терен од Олимпија Милано со 75-99. Мицов и Џејмс беа незапирливи во првото полувреме, во преостанатите 20 минути улогата на лидер ја презеде Недовиќ, за целосна доминација на гостите и заслужена победа. Џејмс го заврши мечот со 22 поени, два повеќе од Недовиќ во триумфот со кој италијанскиот првак ги залечи раните по несреќниот пораз од Реал Мадрид од пред два дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА