Фенербахче одлучи да остане во турското првенство

Откако фудбалерите на Фенербахче беа нападнати во Трабзон, после мечот со Трабзонспор, тимот од Истанбул размислуваше да отстапи од турската Суперлига.

Вчера на состанок е донесена одлука Фенербахче да остане дел од турското првенството, а потоа на крајот на Генералното собрание ќе се одлучи за следните черкои.

„На сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека отстапување од лигата е најмалку посакувана опција. Причината поради која опцијата не е добра е тоа што ќе бидеме суспендирани во пониски првенства, а проблемите ќе ги има и таму. Опцијата за остапување е симната од дневниот ред, се до одржување на Генерално собрание на крајот на сезоната“, рече претседателот на Фенербахче, Али Коч.

Се вчитува...