Фенербахче ослабен за третиот натпревар против Шортс и Париз?

Фенербахче е на прагот на пласман на завршниот турнир на Евролигата по водството од 2-0 во четвртфиналната серија против новајлијата на најголемата европска кошаркарска сцена, Париз за кој настапува и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Турскиот тим го одбрани теренот во првите два натпревари во Истанбул, но пред гостувањето во главниот град на Франција, тренерот Шарунас Јасикевичиус се соочува со голем проблем.

Неизвесни за третиот натпревар од серијата се искусните Николо Мели и Сертач Шанли поради повреди. Конечната одлука за настапот на Италијанецот и Турчинот ќе бидат донесени пред натпреварот кој е закажан за во вторник со почеток од 20 часот и 30 минути.

Се вчитува...