Фенербахче подготвува „шут карта“ за Марјановиќ

Како што пренесуваат бројни медиуми упатени во Евролигата, Фенербахче бара засилување на центарската позиција и моментално е во преговори со Бруно Фернандо, играчот на Торонто Репторс кој наскоро треба да добие отказ од тимот кој се натпреварува во НБА, и да се пресели во Истанбул. 

На „радарот“ на турскиот тим се уште и Орландо Робинсон од Сакраменто, како и Треј Џејмисон од Њу Орлеанс.

Во Фенербахче се надеваат дека се ќе биде готово до почетокот на јануари, што значи дека за Бобан Марјановиќ би можел да биде завршен престојот во Истанбул. Србинот нешто подоцна му се приклучи на Фенер, и сега одеднаш станува „вишок“ во некогашниот европски првак.

Ако замине, неговата одисеја во Фенер ќе трае само три месеци, со оглед дека дојде во тимот кон средината на септември.

Се вчитува...