Фенербахче повторно ја демонстрираше својата моќ во Евролигата, откако актуелниот европски првак славеше над Басконија со убедливи 84-71, за трета победа во низа, петта во последните шест меча за избраниците на Шарунас Јасикевичиус.
Гостите од Шпанија успеаја да парираа само во првото полувреме што Фенер го доби со 32-28, во продолжениетоследеше целосна доминација на турскиот тим кој со фуриозната трета четвртина (27-12) го реши победникот, за на крајот овој дуел да заврши со конечните „плус тринаесет“.
Американецот Хортон Такер со 21 поен и осум скокови беше најефикасен во таборот на Фенербахче, 12 поени постигна Биберовиќ, додека прв стрелец на Басконија беше Оморуји со 14 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

