Фенербахче ја искористи предноста на домашниот теерен и поведе со 1-0 во четвртфиналната серија против Басконија, славејќи пред своите гледачи со 82-73.
Победата на актуелниот европски првак во ниту еден момент не беше доведена во прашање, Фенер уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност што умешно ја одржуваше се до самиот крај.
Вонамејкер беше најефикасен кај Фенербахче со 16 поени, Весели постигна 13, а одличен во организација на играта беше Слукас, кој го заврши натпреварот со 10 поени и 11 асистенции. Кај Басконија прв стрелец при вечерашниот пораз беше Шенгелиа со 16 поени.
Вториот меч од оваа серија е на програмата в петок, повторно во Истанбул
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА