Фенербахче доживеа нов пораз во Евролигата, откако на домашен терен загуби од Жалгирис со 76-79. По израмнетата прва четвртина, Турците го добија вториот период со плус седум и на полувреме заминаа со предност од 40-33. Предноста ја држеа се до последната минута, кога повторно избраниците на Обрадовиќ многу грешеа, а со кошот на Григонис на седум секунди до крај гостите стигнаа до водство од 76-77. Фенербахче имаше напад за победа кој не го искористи Весели, по кои Григонис два пати беше прецизен од линијата за слободни фрлања за конечна победа од 76-79. Јунак на гостите беше Григонис кој уфрли 19 поени, додека 29 поени на Де Коло не беа доволни за победа на турскиот тим.
Шпанска Валенсија стигна до првата победа сезонава, откако на домашен терен го совлада францускиот АСВЕЛ со 81-72. Гостите беа подобри во првата четвртина која ја добија со 16-18, а на полувреме заминаа со минимална предност од 37-38. Во втоорот полувреме домаќините заиграа подобро и на крајот успеаја да стигнат до првиот триумф сезонава од 81-72.
Бојан Дублјевиќ со 13 поени беше најефикасен кај Валенсија, додека кај АСВЕЛ Жан Чарлс постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА