Фенербахче пресече: Нема нови договори за Џеко и за Тадиќ

Доаѓањето на Жозе Мурињо предизвика еуфорија, но и оваа сезона донесе големо разочарување за навивачите на Фенербахче, кои гледаат како нивните миленици загубија уште една трка за титулата од вечниот ривал Галатасарај.

Управата на чело со претседателот Али Коч најавува сериозен ремонт во тимот, а меѓу оние кои први ќе си заминат се ветераните од навалната линија, Србинот Душан Тадиќ и босанскиот голгетер Един Џеко. Договорите на двајцата напаѓачи истекуваат на крајот од сезонава, а претседателот Коч веќе донел одлука – нема да ја продолжи соработката со балканските ветерани.

За Џеко веќе извесно време постои интерес од Хајдук и сплитскиот тим ќе тргне во офанзива за летово без отштета да го доведе на „Пољуд“, додека Тадиќ се поврзува со камбек во Ајакс, клубот каде ги мина најдобрите моменти во кариерата.

Овие двајца се први на листата играчи кои ќе си заминат, а меѓу оние за кои турските медиуми најавуваат дека летово ќе го напуштат Фенербахче се и хрватскиот голман Ливаковиќ, потоа Софијан Амбрабат, Родриго Бекао, Алан сан Максиман…

Се вчитува...