Кошаркарите на Фенербахче стигнаа до триумф против руски Химки од 71-67 во 9. коло од Евролигата, на тој начин доаѓајќи до шестата победа, наспроти Химки кој го доживеа четвртиот пораз.
И покрај тоа што играа без Костас Слоукас и капитенот Махмутоглу, составот на Жељко Обрадовиќ сепак стигна до победата во драматичен финиш.
Фенербахче одлично го почна мечот со водство од 24-15 по првата четвртина, а потоа на полувремето имаше предност и од 12 поени разлика. Сепак, гостите се разиграа на крајот доближувајќи се само на два поени негатива, за да во финишот Турците си го обезбедат триумфот.
Џејмс Нунали беше најефикасен кај Фенербахче со 20 поени, 16 поени постигна Вејнмејкер додека Луиџи Датоме мечот го заврши со 14 поени. Кај гостите, Алексеј Швед беше најефикасен со 21 поени, дополнети и со пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА