Фенербахче се избори за „мајсторка“ против Олимпијакос за влез на Ф4

Кошаркарите на Фенербахче се изборија за мајсторка која ќе одлучува за место на Фајнлфор во Евролигата откако во четвртиот четвртфинален натпревар славеа на домашен терен против Олимпијакос со 73-69. На тој начин турскиот тим израмни на 2-2 во серијата.

Во главно израмнет натпревар, Фенербахче до посакуваниот триумф дојде во последната четвртина која ја доби со 25-20. Сето тоа за конечна победа од 73-69.

Најдобар во победничкиот тим беше Дишон Пјер со 17 поени, а Тајлер Дорси постигна 16 поени. На Олимпијакос не му помогнаа ниту 20 поени на Меккисик.

Се вчитува...