Потешко од очекувањата турски Фенербахче стигна и до осмата победа во Евролигата, славејќи во 9. коло на гостувањето во Тел Авив против Макаби со 70-74. Долго време тимот на Жељко Обрадовиќ го кршеше отпорот на домашните, за да до самиот финиш низ неизвесна завршница сепак стигне до посакуваната победа.
Домашните беа далеку подобар противник на почетокот од мечот добивајќи го првото полувреме со 41-36. Но, во вториот дел Фенербахче полека но сигурно почна да го „крши“ противникот преземајќи ја и резултатската предност. Па во последниот период од играта турскиот тим влезе со два поени предност. Сето тоа го одржуваше до крајот и за конечна победа.
Најефикасен во победата на гостите беше Костас Слоукас со 18 поени, а со 13 поени мечот го заврши Марко Гудуриќ. Кај Макаби се издвоија Скоти Вилбекин и Анџело Калоијаро со по 15 постигнати поени.
Фенербахче, по оваа победа, се израмни на врвот од табелата со по осум победи со ЦСКА Москва и Реал Мадрид. Макаби, пак, остана на онаа само една победа од претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА